Врз основа на одлуката за потреба од осигурување на ученици бр. 02-287/1 од 19.10.2020 година, директорот на ООУ “Живко Брајковски” – Бутел, Скопје, директорот објавува барање за прибирање понуди за набавка на услуги.
ООУ “Живко Брајковски” – Бутел, Скопје има потреба од понуди за Осигурување од последици на несреќен случај на учениците од I-IX одделение.
Понудата треба да ги содржи следните податоци:
- Решение од Централен регистар
- Бенефит – Осигурена сума
- Премија
Понудата се доставува во еден оригинален примерок потпишан од одговорно лице на понудувачот.
Крајниот рок за прием на понудите е 5 дена од денот на објавувањето на барањето.