Врз основа на одлуката за потреба од фотографирање на ученици бр. 02-362/1 од 05.11.2020 година, директорот на ООУ “Живко Брајковски” – Бутел, Скопје, објавува барање за прибирање понуди за набавка на услуги.

ООУ “Живко Брајковски” – Бутел, Скопје има потреба од набавка на услуги 
Фотографирање на учениците од I-IX одделение и
изработка на фото-алманах за учениците од IX одделение.

Понудата треба да ги содржи следните податоци:

  • Решение од Централен регистер и ДРД образец
  • Поединечна цена за секоја услуга

Понудата се доставува во еден оригинален примерок потпишан од одговорно лице на понудувачот.

Крајниот рок за прием на понудите е 5 дена од денот на објавувањето на барањето.

PonudaSlikanje2021