Бернанда Мустафовска е училишен специјален едукатор и рехабилитатор кој ја спроведе денешнава работилница за изучување на знаковниот јазик со цел учениците од одделението да можат успешно да комуницираат со своето другарче соученик.
Знаковниот јазик се смета за природен начин на комуникација и е на исто рамниште со говорната комуникација. Овој јазик го користат и се разбираат лицата со оштетен слух. Јазикот е дефиниран како визуелно-знаковен јазичен систем „кој подразбира одредена поставеност, позиција, насоченост и движење на рацете и прстите и мимика на лице. Учениците од III-2 присуствуваа на работилницата каде што имаа можност да се запознаат со знаковниот јазичен систем. На работилницата им беше презентирана азбуката која се состои од 31 знак што е еднакво на 31 глас во македонскиот јазик. Секоја буква има посебен знак и со нив се изразуваат основните елементи на знаковен јазик со правилна поставеност на рацете и движење на прстите учениците упешно гестикулативно се претставија.