Во склоп на училишниот двор денес се случи обид за крадење на зимзелените новопосадени дрвца. За среќа од страна на вработен во училиштето сторителите не успеале да ги земат. Засадувањето дрвја е приоритет на училиштето како влог за чиста и здрава животна средина. Учениците заслужуваат да имаат убаво уредени зелени површини. Поради тоа, апелираме до сите да ги чуваат дрвјата и другото зеленило во училишниот двор.