Во соработка со Шведска Амбасада по повод 75 прослава на роденденот на Пипи долгиот чорап во аулата на ООУ„Живко Брајковски“ – Бутел, Скопје е поставeнa изложба со изработки од учениците. Инспирирани од книгата и изложбата учениците изработија 130 цртежи на тема Пипи. Од најдобрите 10 цртежи се изработени постери , а првите три се наградени од страна на Шведска Амбасада. По тој повод денес на свечениот настан наградите на учениците им ги подели Шведската Амбасадорка Кристин Форшгрен Бенгтсон, а на сите учесници сертификати. Подршка за целиот настан даде и градоначалникот на Општина Бутел г-дин Велимир Смилевски.
Голема благодарност до сите ученици кои што земаа учество и до наставниците Driton Miftari, Верче Петрова, Aneta Petkovska кои што несебично се вложија за успешна реализација на настанот.
Почетна Uncategorized