Во училиштето се реализирани едукативени часови за превенција од Корона вирусот, а тоа значи почесто миење на рацете и превентивни мерки за хигиена, согласно препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата на Република Северна Македонија. Исто така во сите тоалети и училници поставени се упатства како правилно да се мијат рацете и како да се заштитиме. Секојдневно клупите и другите површини кај што се доаѓа во допир се пребришуваат со дезинтал.