Денес, во гимназија “Раде Јовчевски-Корчагин”, се одржа регионалниот натпревар по Спелување на француски јазик, за учениците од седмо одделение, на кој учествуваа нашите ученици Максим Коневски, Беис Аџија и Стефан Младеновиќ од VII-2 одделение. Учениците од повеќето основни училишта успешно спелуваа изучен вокабулар од часовите по француски јазик. Учениците Стефан Младеновиќ, кој освои трето место и Беис Аџија, кој освои четврто место се квалификуваа и за учество на државниот натпревар, кој што ќе се одржи на Филолошкиот факултет, следната сабота 🍀