Денес, 7.11.2018г. активистите на ЦК од ОУ,, Живко Брајковски ", со поддршка од ООЦК Чаир, ги донираа пакетите со храна и средства за хигиена на децата од Дневниот центар за деца кои просат, кој се наоѓа во Шуто Оризари.
Срдечно бевме пречекани од наставниците и децата од дневниот центар кои изразија голема благодарност до нас, што одлучивме токму на нив да им ја доделиме донацијата која ја собравме по повод Денот на гладта.
Огромна благодарност до сите ученици, родители и вработените во ОУ,, Живко Брајковски " кои несебично учествуваа во оваа хуманитарна акција.
Почетна Uncategorized