Карантин е една од епидемиолешките мерки со која се спречува ширење на заразни болести по пат на изолација на заболени или инфицирани лица од останатите здрави лица.Карантин е место каде се издвојуваат лица за кои постои сомнеж дека се заболени од некои заразни болести или пак само постои опасност да се разболат. Местото на карантин е строго контролирано од медицински лица кои работат со строги хигиенски и дезинфекциони постапки. Во карантин може да бидат ставени цел град и поголема територија. Исто така за време на карантин ангажирани се посебни воени единици за спречување на илегално преминување на границата за да не се шири заразната болест.

Зборот карантин доаѓа од италијанскиот збор Quarante=четириесет ,бидејќи се сметало дека изолацијата обично трае четириесет дена.

Изолација преставува сместување на лице во посебна соба или просторија поради спречување на ширење на заразна болест. Исто тоа се однесува и на самоизолација, само што терминот изолација е за заболена особа,а самоизолација или домашен карантин за здрава особа. Изолација е мерка на издвојување на особа од другите луѓе која се користи при лечење на особа кој е болна и има симптоми на болест во овој случај на корона вирус,а тоа се зголемена телесна температура,кашлица и потешкотии во дишењето.Од епидемиолошки критериум изолацијата се применува кај луѓе кои доаѓаат од земји во кои е прогласена епидемија или пак биле во блиски контакти со лица кај кои е потврден вирусот. Лицата кај кои докторот ќе се посомнева на инфекција со вирусот КОВИД-19 се примаат во болница по пат на изолација, се дијагностицираат и понатаму се лекуваат.

Самоизолација е посебна мерка на здраствена заштита која се спроведува од страна на министерство за здраство.Се употребува за здрави лица (без симптоми) кои биле во близок контакт со заболени или пак наназад 14 дена престојувале во земја со локална или раширена епидемија на КОВИД-19. Основно правило на самоизолација е да се остане дома во куќен карантин и да се избегнуваат физички блиски контакти со други луѓе.Време траење на лекарскиот надзор односно самоизолација е 14 дена,затоа што инкубацијата на КОВИД-19 болести (од зараза до појава на симптоми) може да трае од 2 до 14 дена. Лицето кое е заболено од КОВИД-19 е заразно од самиот почеток на болеста, во време кога симптомите се благи, а може да биде зарано и 1-2 дена пред почетокот на болеста.

Целта на самоизолацијата е во случај на заразеност е лицето да има минимален број на контакти,со што би се намалило ширењето на заразата помеѓу популацијата. Со останувањето дома се штитат пријателите,колегите и пошироката заедница да се зарази од корона вирус.Лицата кои се подложени на самоизилација мора да го ограничат своето движење и живеење со ненапуштање на домот и ограничување на контактите со другите членови во домот.Надвор треба да се излегува само ако е навистина потребно и контактите да бидат сведени на минимум. Особено не треба да се оди на места каде се собираат повеќе луѓе како кафичи,ресторани,кино,трговски центри, јавен превоз итн. Ако се излегува надвор треба да се носи заштитна маска преку нос и уста,хируршки ракавици, да се одржува растојание 2 метра во затворена просторија и 1 метар на отворен простор.Особено е важно да се одбегнуваат блиски контакти со луѓето и да се избегнува ракување.

Кога постои самоизолација ,целиот живот се одвива во домот, не се излегува надвор, не се оди во училиште,не се оди на работа и потребно е контактите со другите членови во домот да бидат минимални.Најважно е да се остане дома

Доколку во семејството нема лице заразено од корона вирус, доволно е секојдневно чистење на домот со вообичаени средства за домаќинство или пак со дезифенкционо средство.Отпадот се фрла на места предвидени за тоа, садовите во домаќинството се одражуваат како и обично и редовно се проветрува просторијата преку отварање на прозор или вентилација.

Во случај предметите и просториите да се користени од лице кај кое е потврдено присуство на корона вирус потребно е да се спроведе дезифенкциона постапка со надлежни епидемиолози.При чистење треба да се користи заштитна опрема, маски и ракавици и да не се користи распраскувачи бидејќи може да дојде до ширење на вирусот.

Ако се појават симптоми на вирусот (зголемена телесна температура, кашлица, отежнато дишење, слабост, треска) треба телефонски да се јави кај матичниот лекар, кој врз основа на здраствената состојба ќе ја процени потребата за тестирање за корона вирус. Ако на лицето во самоизолација му затреба лекарска помош од друга причина треба да го побара матичниот лекар, да договори домашна посета, а не да оди во здраствена установа без претходно телефонски да се јави.

Андријана Јовановска училишен психолог

HOW the Virus spreads!

Must Watch – How innocently it Spreads! #BreakTheChain

Posted by Corporate Bytes on Friday, March 20, 2020