Овај видео запис е замислен како запознавање со целите и активностите што учениците ги имаа во проектот „Куќата секогаш добива". На почетокот од видеото е прикажана целта за подигање на свеста првенствено кај учениците, а и кај сите надлежни институции во образованието, дека обложувајќи се на долги патеки, „куќата" е таа која секогаш добива, затоа што во позадина функционираат прецизни математички пресметки. Сознанијата до кои учениците дојдоа истражувајќи на интернет релевантни математички извори, за тоа како функционираат казината, спортските обложувалници, лотариите и слично ги проверија преку неколку игри на среќа.
Вториот дел од ова видео претставува дигитална драматизација, креирана со помош на алатките Photo Story 3 и Movie Maker, со цртежи направени во Paint, обработувани во MS Picture Manager и MS Power Point, каде се потенцирани заклучоците од моралeн аспект.