МАЈЧИН ЈАЗИК
Тој е како бисер сјаен
на сонце светка и блика,
тој е еден светол јазик,
мајчин јазик се вика.
Дали ти го зборуваш јазикот
на баба и дедо,
го негуваш и чуваш јазикот свој,
знаеш ли колку вреди тој?
Вредноста негова е голема,
поголема и од небото ширно
и од планините, патиштата,
поголемо од езерото мирно.
Мајчиниот јазик
е бескрајно вреден
без него ти немаш гордост
без него ти си туѓинец беден.
Изработила: Меланија Трајковска
Наставник: Санија Качар