Наставничката од ООУ „Живко Брајковски“ Бутел, Љиљана Атанасова во изминатиов период учествуваше на повеќе меѓународни поетски манифестации во земјава и во странство. На меѓународниот поетски фестивал „Месопотамија 2019“ што во август се одржа во Белград, добитник е на специјална награда за песната „Почит кон речта“ и истата е објавена во зборникот „Месопотамија“ во кој се застапени песни на поети од европските земји и пошироко. На меѓународната поетска манифестација „Планетопија 2019“, што се одржа во Штип, песната „Ѕид“ е првонаградена, а на литературната манифестација „Гордана Коцева“, романот „Рингишпил“ е награден во категорија проза за деца. Песни за возрасни од авторката Љиљана Атанасова се застапени во поетските зборници „Пауна2“, „Пауна3“ и „Скопјанката Мајка Тереза“, а во „Стихувалки 2019“ е застапена со детската песна „Тоа пиле“ со која се претстави на овој фестивал на поезија за деца. Добитник е на повеќе признанија, медали и дипломи од повеќе литературни клубови во земјава и во странство за Придонес во остварувањето на целите на полето на книжевното творештво. Учесник е и на Првиот меѓународен ромски поетски фестивал одржан во Белград во септември оваа година и е избрана и застапена во антологијата „Где Сава љуби Дунав“ со биографија и 3 песни кои се преведени и на Ромски јазик, а се здоби со диплома и медал за заслуга од Министерството за култура на Србија. Почесен член е на Фондацијата „Такец“ од Битола. Има и други наградени песни на конкурси на литературни клубови во земјава и во странство. Носител е на наградата Димитар Димитровски-Такец за песната „Срце мое“. Таа неуморно твори и дава голем придонес за афирмација на македонскиот јазик и литературата за деца и возрасни во земјава и во регионот.
Почетна Uncategorized