На денешниот карневал на маски, кој се организира по повод празникот Прочка, кој се одржа во с.Љубанци, нашето училиште го освои првото место во конкуренција со уште 5 основни училишта од општина Бутел. Неизмерна беше радоста кај учениците кои оваа година се претставија со маските" Еко во домот-еко во природата"! Голема благодарност до родителите кои ни беа подршка! Благодарност до организаторите кои ги направија среќни нашите ученици!