На ден 10.12.2020 година во ООУ„Живко Брајковски“ – Бутел онлине се одржа третата работилница од активностите во рамки на секциите, математичка секција, Математиката – нејзиното шаренило и нејзината сестрана примена – учење преку игра, од проектот „Јакнење на мултиетничка соработка во општините“, имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), а поддржан од страна на Детската фондација Песталоци. За време на работилницата специјален едукатор и рехабилитатор ја презентираше Знаковната азбука а учениците ја изразија својата креативност, правејќи игри кои можат да се користат на часовите по математика и истите како можат да им помогнат на соучениците со посебни образовни потреби за полесно совладување на наставниот материјал.
Наставници реализатори Мирфетка Јашаровска, Бернанда Мустафоска, Фрисида Чочка Ајрулаху и Верче Петрова.
Почетна Uncategorized