На ден 21.04.2020 со учениците кои се дел од секцијата по биологија за "Здрава храна здрави генерации" подржана од проектот Јакнење на мултиетничката соработка во општините, имплементитан од МЦГО, се реализираше меѓуетничка online работилница.
Наставници кои земаа учество се Назмие Бела, Верче Петрова, Силвана Урџанис и Анета Димишковска.
За време на работилницата наставничката Анета ја раскажа приказната за:
Традиционален лов на јајца за Велигден
“La chasse aux oeufs”
Велигденската недела завршува Света недела. Од четврток до сабота, црковните звона повеќе не звонат. На децата им се кажува дека велигденските звона заминуваат за Рим да бидат благословени од папата.
Во недела на крајот на велигденската миса, околу пладне во недела повторно почнуваат да звонат. Тогаш на децата им се кажува дека звоната се враќаат назад во црквите, летаат над градините, нивите, парковите, испуштајќи чоколадни јајца ( всушност, родителите ги кријат низ градината и дечињата потоа одат на лов на јајца) но и за чоколадни јајца и чоколадни зајчиња.) Дечињата се среќни и се натпреваруваат кое повеќе ќе собере. Потоа следи семејниот, велигденски ручек.