На ден 23.12.2020 во ООУ„Живко Брајковски“ се одржа Новогодишна работилница од активностите во рамки на секциите, Математичка секција – Математиката – нејзиното шаренило и нејзината сестрана примена – Учење преку игра, од проектот „Јакнење на мултиетничка соработка во општините“, имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), а поддржан од страна на Детската фондација Песталоци.
Знаковната азбука иако нова за сите, но очигледно доста интересна и претставува предизвик за учениците, па и за нас наставниците.
Многу ученици успеале да си го научат своето име со Знаковната азбука. Некои имаа научено прашања што им ги поставија на другарчињата.
Бидејќи ни претстојат Новогодишни празници, учениците поединечно или во групи презентираа што се направиле , на тема Новогодишни украси, честитки
И во услови на пандемија – креативноста на учениците изненадува.
Наставници реализатори Мирфетка Јашаровска, Бернанда Мустафоска, Фрисида Чочка Ајрулаху и Верче Петрова.
Почетна Uncategorized