На часовите по историја и општество учиме дека треба да го чуваме и негуваме нашето минато и придобивките од него. Затоа бевме да ги видиме сведоците на минатото и борците за нашето подобро и слободно денес. Го посетивме гробот на еден од најголемите македонски синови, Гоце Делчев, Музејот на македонската државност и самостојност, Спомен домот на Мајка Тереза. Прошетавме низ живописната стара чаршија и го видовме застанатиот часовник од незаборавното утро на 26.07.1963.
Магдица Пеева одделенски наставник
Почетна Uncategorized