На 09.02.2020 год. во организација на Македонското географско друштво, во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ се одржа општински натпревар по географија од Скопскиот регион. На натпреварот учествуваше и екипа од ООУ „Живко Брајковски“ во состав: Ема Софрониевска, Васил Јовчев и Стефан Каевски, под менторство на наставничката Саниа Качар. Нашето училиште во екипна конкуренција го освои првото место. Стефан Каевски поединечно го освои првото место а ученикот Васил Јовчев третото место, со што се стекнавме со право на учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 07.03.2020 година.