На 19.10.2019 наставниците Љубица Атанасовска , Елена Апостолоска и Анета Димишковска присуствуваа на семинар во ScuolaRoma во Рим, Италија. Семинарот на тема “Индивидуални конфликти-групна анализа” го водеше проф. Клаудио Нери.
Преку насочен теоретски и практичен материјал, семинарот опфати некои елементи кои ги квалификуваат ситуациите на конфликт помеѓу поединци и група ученици , како и чекорите и можните трансформации на групата.