На 2 Декември на Филозофски факултет со почеток во 13:00 часот, се одржа тркалезна маса на тема „Инклузивно образование “. Тркалезната маса се организира по повод 3 Декември- Меѓународниот ден на лицата со попреченост од страна на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофски факултет во Скопје и студиската програма по специјална едукација и рехабилитација. На тркалезната маса беа дискутирани проблемите произлезени од инклузивното образование и како во иднина истата би се одвивала. Од нашето училиште беа поканети претставници од стручна служба Специјален едукатор и рехабилитатор- Бернанда Мустафоска Психолог- Андријана Јовановска.