На 2.4.2022 година на Филолошкиот факултет “Блаже Конески ” во Скопје се одржа државниот натпревар по француски јазик во спелување на кој учествуваа учениците од седмо одделение, кои покажаа најсолидни резултати на регионалните натпревари во спелување.
На овој натпревар нашето училиште го претставуваа учениците Стефан Младеновиќ и Беис Аџија, под менторство на професор Анета Петковска, кои успешно го завршија натпреварот.