Одбележување на Светски ден на детето под мотото Имам право на среќно детство. Со свечено ветување првачињата пристапија во детската организација. На свеченоста присуствуваа и претставници од канцеларијата на народниот правобранител: заменик народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа, државен советник Весна Костиќ Ивановиќ, советник Жаклина Петреска, советник Весна Бошевска Петрушевска. Исто така првооделенците ја посетија и зградата на Општина Бутел.