ООУ "ВАНЧО ПРКЕ" партнер училиште за МИО активности

На ден 21 мај остваривме работна посета со ученици и наставници во ООУ"ВАНЧО ПРКЕ" Делчево каде што учениците реализираа заедничка претстава, играа мултикултурно оро, рецитираа и се претставија со ритмичка точка. Во склоп на проектот посетивме изложба, градската библиотека и парк. Незаборавна дружба со убави моменти за паметење и секако договор за повторна средба во Скопје.