ООУ „ Живко Брајковски“ учебната 2020/21 година преку здружението Пријатели на образованието (https://www.friends-of-education.org ) е вклучено во Европскиот проект Robotics Versus Bullying ( https://www.roboticavsbullismo.net/en/ ). Во проектот учествуваат образовни институции од 9 европски држави. Како резултат на успешно спроведени претходни активности нашето училиште беше назначено за Амбасадор училиште и ќе добие 2 роботчиња кои потоа ќе се искористат за активности поврзани со проектот. Во периодов што следи ќе се одржат онлајн обуки на кои ќе учествуваат наставниците Елена Апостолоска, Магдица Пеева, Александра Гулевска, Фатиме Алиу, Благородна Сотиров, Маја Пешевска, Верче Петрова и Силвана Урџанис за електронско портфолио, роботика и превенција од врсничко насилство.