ОУ,, Живко Брајковски " во соработка со ООЦК- Чаир, активно се вклучи во кампањата Ден на гладта која започна на 16ти октомври, а ќе трае до крајот на месецот. Беа реализирани две активности. Првата активност беше вклучување на активистите на ЦК од нашето училиште заедно со волонтери од ООЦК – Чаир во собирна акција со продажба на бонови кои се продаваа во населбата Бутел. Втората активност се одржа на ден 25 и 26.10.18 во која за време на големиот одмор во холот на училиштето беше отворен пункт за донација и се собираше храна и средства за хигиена која ја донираа учениците, родителите и вработените во училиштето. Средствата кои се обезбедија ќе бидат наменети за подготовка и поделба на прехрамбени и хигиенски пакети за социјално ранливи семејства.
Почетна Uncategorized