Под мотото „Нека победи највеселиот“, денеска во општина Бутел , со деца од градинки се одржа меѓуопштинска олимпијада.
Како домаќин на годинешнава манифестација беше детската градинка“11 Октомври” од општина Бутел.
Учесниците и присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, кој истакна дека оваа манифестација е од огромно значење за развивање на спортскиот дух кај младите и заедничко другарување.
На манифестацијата учествуваа дечиња од 9 скопски општини: Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Чаир, Аеродром, Центар, Кисела Вода Ѓорче Петров и Карпош.
Почетна Uncategorized