Почитувани ученици, родители, наставници денес е последниот училишен ден. Помина уште една учебна година но за жал последното тримесечие наставата течеше преку средствата за електронска комуникација. Како и во цел свет така и кај нас се случи пандемија, која доведе до вонредна состобја и далечинско учење.
Ви честитам на упорноста, истрајноста, ангажирањето и прифаќањето на предизвикот за учење од далечина. На успешно реализирањето на наставниот план и програма, како и реализација на проекти и вон наставни активности, одбележување на значајни датуми и пред се професионалното и посветено ангажирање.
Драги полуматуранти пред Вас е нова страница од Вашиот живот непозната, но возбудлива. Влегувате во светот на нови знаења и нови пријателства. Образованието е едно долго патување. Другарувајте со книгите, откривајте ги тајните скриени во нив, отворете го умот за нови спознанија и за вистинските вредности.
Убавите летни моменти се пред вас Ви посакувам да си ги поминете во добро здравје.
Почетна Uncategorized