Почитувани,

Повик за 19-тиот Меѓународен конкурс за стрип – Велес 2021
Пропозиции:
-Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;

-Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат, (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички
НАПОМЕНА :Доколку стрипот е во боја , препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично.

-Стриповите нема да бидат вратени, .Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.

-Tемата на стрипот е слободна.Секој автор (билo цртач, туш ,колор ) може да учествува со само еден стрип; Исклучок има за сценаристите каде се дозволува да едно лице направи сценарио за повеќе стрипови.
-Учесниците коишто се во основно образование треба да се насочат кон своите основни училишта заради раширување на информацијата, организирано пријавување како и избор на тема за цртање.
-На еден стрип можат да работат повеке автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)
-Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, дата на раѓање адреса, и држава од каде е авторот ,е маил како и година кога е стрипот нацртан..Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот .Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.
-Стриповите од македонски автори треба да бидат на сите јазици кои се зборат во државата. Со задолжителен превод на македонски јазик и кирилско писмо.

-Училиштата кои ке обезбедат најмалку 5(пет) учесници и нивните ментори добиваат посебни признанија
-Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за излагање во склоп на
изложбата во склоп на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција
-Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена интернационална комисија којашто ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:

• Прва награда, 200 ЕУ* ”Златен стрип ”, и диплома за прво место.
• Втора награда, диплома за второ место.
• Трета награда, диплома за трето место.
• Награда за најдобро сценарио, диплома.
• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.
• Други специјални награди
Рокот за испракање е до 15-ти август 2021 година.

НАПОМЕНА .Оваа измена е направена заради координирано иаведување на активvостите со мегународниот прoкт

CAN for Balkans

Тие може да се испратат на
a) Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот)
Ул. Васил Горгов, бр.78 ,1400 Велес ,Република Македонија
б) Или преку Е-маил:stripkonkurs@gmail.com
За повеќе информации може да се јавите на телефон 0 75374155