По повод претстојниот Христијански празник „Велигден” се одржа работилница, во рамки на Математичка секција – Математиката – нејзиното шаренило и нејзината сестрана примена – Учење преку игра, од проектот
„Јакнење на мултиетничка соработка во општините“, имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), а поддржан од страна на Детската фондација Песталоци.Работилницата ја предводат: Верче Петрова, Бернанда Мустафова, Мирфетка Јашароска, Frisida Çoçka Ajrullahu. На работилницата присуствуваше и претставник од МЦГО – Ана Мустафова.