Прва награда за еко-стрип за нашето училиште
Денес се одржа завршната манифестација – еко дефиле на велосипеди, со што завршија десетте Денови на екологијата во Општина Бутел-Онлајн со природата.
На манифестацијата се обратија градоначалниците Велимир Смилевски и Петре Шилегов.
Во склоп на кампањата за јакнење на еколошката свест, на распишаниот конкурс за еко-стрип, нашето училиште го освои првото место со стрипот на ученичката Мила Милошевиќ од VII-2одд. Како награда Мила доби велосипед, кој и беше доделен од страна на градоначалникот Велимир Смилевски.