Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието организираше јавна презентација на резултатите од програмата за заеднички ученички активности и иницијативи, како начин за промоција на граѓански и интеркултурни вредности. Нашето училиште беше едно од осумтте училишта од цела Македонија, кое имаше можност да ги презентира своите изработки.