Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието одржа подготвителна работилница со учениците и наставниците од основните училишта од Општина Бутел. Работилницата се одржа во просториите на ОУ „Ацо Шопов“ , со цел подготовка за претстојната тркалезна маса на тема „Ученичка иницијатива за подобрување на Градски парк, Скопје“. На работилницата учениците имаа последни договори за идеите и спроведување на конкретна ученичка акција која ќе биде организирана и поддржана во партнерство на Град Скопје, основните училишта од Општина Бутел и УСАИД
Почетна Uncategorized