Регионален натпревар по состав на француски јазик
На регионалниот натпревар по состав на француски јазик "Dis-moi dix mots" од нашето училиште учествуваше ученичката Ема Софрониевска од VIII-2. Овој натпревар се одржа во ОУ "Дане Крапчев", на којшто имаше ученици од повеќе училишта од Скопје. Составите се испратени на Филолошкиот факултет, кадешто комисија ќе ги прегледува и на 12.05.2019 ќе ги соопшти резултатите.