Свечаност по повод 16 години постоење на општина Бутел. По тој повод „Цветната Мироносна Штафета“ преку која во сите основни училишта и градинката се пренесуваа пораките за соживот, здравје, љубов, мир, благосостојба и храна за сите беше предадена на градоначалникот г-дин Велимир Смилевски. Посебно сме горди што својот пат низ општина Бутел го започна токму од нашето училиште.