"ТВ-УЧИЛНИЦА" 🏡📺✍️
Утре (21.04.2020), вторник со почеток од 9:15 часот!
Училишните часови по Македонски јазик (II и IV одделение), Математика (I одделение), Природни науки (III одделение) на македонски наставен јазик ќе ги оддржат наставничките Оливера Божиновска и Весна Ивановска од ООУ „Св. Климент Охридски, општина Бутел.
Во знак на поддршка за вас драги ученици што секојдневно посветено ја следите “ТВ-УЧИЛНИЦА”, наставниот час по предметот Општество (V одделение), ќе го одржи Претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски.
Изразуваме благодарност на Претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски за поддршката која ја дава на “ТВ Училница”!
Училишните часови по Природни науки (VI одделение) и Биологија (VII, VIII и IX одделение) ќе ги оддржи наставничката по природни науки и биологија Весна Стојковска ООУ „Живко Брајковски“ општина Бутел.
За училишниот час за предучилишно образование приказна “Зајакот и желката“ на македонски наставен јазик ќе го одржат предодделенските наставници Габриела Стојановска и Клементина Петрушевска од ЈОУДГ “Весели Цветови” општина Кисела Вода.