Тренинг центар за интеркултурно образование при Нансен Дијалог Центар Скопје, во партнерство со Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија, како и со Советот за интегрирано образование на Северна Ирска (НИЦИЕ) на 28.02.2020. година спроведе обука за основните и средните училишта на нашата земја, на тема интеркултурно образование, како дел од Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализамот. Од нашето училиште учествуваше наставничката Флора Рамадани.