Учениците од I до IX одд. преку различни активности го одбележаа денот за граѓанско образование на тема „Развивање свест и грижа за училишниот простор и училишната клима и преземање одговорност за истото“.
Сите ученици под раководство на одделенските раководители истата тема на различни начини ја разработија и тоа преку :
– Пораки и илустрации за хигиената во училиштето и училишниот двор, да се чува училишниот инвантар, пожелно однесување во училиште со соучениците и вработените.
– Цвет потенцира „Свест за општествени вредности“
– Нема друга планета
– Power Point презентација за подобрување на училишната клима од страна на учениците.
– Искористување на отпадоците во училиштето во креирање на нешто ново-продукт.
– Пораки кои ќе се пластифицираат и ке се постават низ училиштето и секојдневно ќе ги потсетуваат учениците како правилно да се однесуваат , почитуваат, другаруваат и облекуваат во училиштето.
– Календар на љубезно и одговорно однесување.
– Со корелација на македонски јазик претставен есеј на хамер за почитување на различностите и подобрување на училишната клима.
– Работилница со ученици од мешан етнички состав на тема:Грижа за училишниот простор и училишна клима.По принцип прашање одговор