Учениците од IX-1 одд, на часот по француски јазик, заедно со наставничката Анета Петковска изработија постер за побезбедно користење на интернетот на младите. Програмата на “Денот на безбеден интернет” е раширена во 31 земја во Европа (околу 100 низ целиот свет) и ги поддржува младите и возрасните околу нив (наставници, воспитувачи, семејства) за превенција (побезбеден интернет) и промовирање на позитивни употреби.