Ученици од деветите одделенија на ООУ „Живко Брајковски“-Бутел, заедно со ученици од 16 други училишта земаа учество во едукативната активност Детски парламент. На учениците им се обрати Претседателот на собранието Талат Џафери, а потоа во улога на паратеници имаа можност виртуелно да ги разгледаат просториите на Собранието, да поставуваат пратенички прашања на претставници од пратениците од власта и опозицијата, Љупчо Пренџов и Вјолца Адеми, како и самите да имаат излагање на тема „Предизвиците на онлајн наставата“.
наставник Елена Апостолоска