„Фонд за млади умови“ на ФИТР – Фокус групи за развој на стратешката програма
Во организација на Фонд за иновации и технолошки развој, на 8 и 9 јули во „Јавна соба“ во Скопје, ученици, родители, професори и наставници ( Елена Апостолоска- наставник по математика и Анета Димишковска- наставник по француски јазик, ООУ" Живко Брајковски") , како и претставници на државни институции и независни експерти во четири фокус-групи дискутираа за изработка на национална програма за талентирани и надарени деца. Ова е дел од повеќемесечната иницијатива на ФИТР за развивање на стратешка програма за поттикнување на креативното размислување, иновативноста и претприемништвото кај младите – „Фонд за млади умови“. Фокус групите беа отворен карактер и во нив можеше да учествуваат сите кои сакаа да придонесат кон успешна дискусија од која ќе произлезат конкретни насоки и резултати.