2 Април –Меѓународен ден на аутизамот
Работилницата беше реализирана во училишниот двор
на ОУ ,,Живко Брајковски,,
Единствена цел на ова работилница беше да ја покажеме нашата хуманост човечност, како и почитување и прифаќање на различностите.
Овој ден го прославивме со креативност, добрина и позитивна енергија.
Работилницата започна со прашања до учениците:
Дали знаат што претставува аутизмот и со какви предности и слабости се соочуваат овие деца.Подолго време се дискутираше околу оваа тема.
Преку одредени примери учениците имаа можност да дознаат многу повеќе за за оваа сотојба.Откако завршивме со овој дел преминавме на практична изведба.
Во средината на училишниот двор, учениците формираа круг на кој предходно подот го обежаа со хартија со сина боја.
Одреденени ученици имаа балони, а на даден знак ги пуштија балоните во знак на поддршка.