Третиот ден од обуката за Еразмус + беше резервиран за добри практики. Учесниците посетија различни локални стратешки партнери на Инерција Дигитал, кои развиваат добри практики во образованието во областа на соочување со идните предизвици во oбразованието во дигиталната ера. Денот почна со традиционален, шпански доручек на сите учесници. Следеше посета на Педагошкиот музеј во Хуелва. Потоа, во просториите на Инерција имаше Фламенко шоу и обука на фламенко.