3 декември се одбележува како меѓународен ден на лицата со посебни потреби. ООУ „Живко Брајковски“ по тој повод организираше активности преку кои учениците имаа можност преку драма да се соживеаат со своите другарчиња кои имаат потешкотии во процесот на учење и снаоѓање во општеството. Беа органзирани три групи од по 7 ученици. Учениците во текот на активностите почувствуваа со кои проблеми се соочуваат децата кои имаат потешкотии во учење, оштетување на слухот , видот и телесно инвалидни деца. Ваквите активности помогнаа за будење на свеста и учење да си помагаме меѓусебно во секојдневниот живот. Работилниците беа водени од страна на :специјален едукатор и рехабилитаор-Бернанда Мустафоска, наставник- Верче Петрова, наставник-Анета Петковска.
Почетна Uncategorized