https://www.youtube.com/watch?v=chrNPaTF3x8
Учениците од тимот на меѓународниот проект на Erasmus+: RESPE.CT.:RESPonsiblE eduCaTion against violence во соработка со Специјалниот едукатор и рехабилитатор Бернанда Мустафоска организираа активности во кои имаа можност преку драма да се соживеаат со своите другарчиња кои имаат потешкотии во процесот на учење и снаоѓање во општеството при оштетен вид. Учениците во текот на активностите почувствуваа со кои проблеми се соочуваат децата кои имаат потешкотии во учење и снаоѓање во општеството при оштетен вид. Ваквите активности помогнаа за будење на свеста за меѓусебно помагање во секојдневниот живот. Активностите се реализираа под менторство на Бернанда Мустафоска, Верче Петрова и Анета Петковска