Со учениците се реализира посета во Вруток, Тетово, Шарена џамија, Лешочки манастир, гробот на Свети Кирил Пејчиновиќ
Со учениците од III -1, 2, 3, 4, 5 се реализира посета во Вруток, Тетово, Шарена џамија, Лешочки манастир, гробот на Свети Кирил Пејчиновиќ. Истата ја реализираа наставниците Лилјана Стојановска, Ленче Неделковска, Флора Рамадани, Флора Жерка и Ајла Мустафа.Учениците го посетија Вруток- изворот на реката Вардар и се запознаа со користењето на водениот потенцијал. Ги посетија Шарена џамија, црква Света Богородица и Свети Атанасиј -Лешочки манастир. Се запознаа со нивната архитектура, културно-историско значење, практикување на различна вероисповест, сличности и разлики, значење за верниците. Имаа многубројни активности преку кои се реализираа цели за учење на мултикултурно живеење.