По топлиот пречек од вработените, учениците имаа можност “да скокнат” до Париз , да се качат на Ајфеловата кула или да го разгледаат преубавиот музеј Орсеј, преку виртуелната реалност. По оваа работилница, следеше запознавање со сите ресури што ги нуди медијатеката на Францускиот институт, а коишто учениците можат да ги позајмат.
По посетата, беа на француски доручек во пекарата “Пастел”.